+389 2 3225 944
[email protected]

Надградба и техничка поддршка

Нашата компанија нуди софистицирана техничка поддршка која во зависност од вашите потреби и избраниот пакет на услуги ги вклучува следните можности:

Надградба на решението

Сите корисници на бесплатната верзија на Поинт Финансии, како и корисниците на комерцијалната верзија на Поинт Финансии во моментов имаат автоматски вклучена опција за надоградба на програмското решение. При тоа, со цел да го заштеди вашето време, Поинт Финансии не бара Вие да ја вршите рачно надградбата на програмата, туку самиот детектира доколку постои нова верзија и потоа автоматски се надградува.

Техничка поддршка

Корисниците на комерцијалната верзија на Поинт Финансии имаат 12 месеци бесплатна техничка поддршка која подразбира:

  • 12 месечен бесплатен период за измена на генералиите на фирмата во вашите документи за печатење (адреси, телефони итн.)
  • 12 месечна бесплатна телефонска техничка поддршка во врска со работењето на самото решение
  • 12 месечна бесплатна email техничка поддршка во врска со работењето на самото решение

За клиентите со специфични потреби и по индивидуални барања, нудиме опширна техничка поддршка која опфаќа:

  • Обука на вработени за користење на Поинт Финансии
  • Инсталација на Поинт Финансии за мрежна употреба (интранет/екстранет/интернет)
  • Техничка поддршка на лице место извршена од нашите вработени
  • Брза техничка поддршка извршена преку далечинска врска од страна на нашите вработени кои ќе се приклучат на вашиот компјутер

Не чекајте понатаму.   Донесете правилна одлука!