Што содржи пакетот?

Со Поинт Финансии на едноставен и брз начин ќе ја раководите компанијата и целосната финансиска документација која низ неа циркулира. Еве само еден краток приказ на дел од можностите на ова решение:

Работа со документи

Со овој пакет брз и едноставен начин ги заведувате, организирате и печатите:

  • Сите влезни и излезни фактури, профактури
  • Сите изводи од сите ваши сметки
  • Сите уплати и исплати од вашата каса

Прегледност на ифорамциите

Сите податоци за клиентите, картички, долгови, документи,… достапни во секој дел од програмот, веднаш.
Секој документ има детални податоци за се: статус, рок, колку и кога, уште колку, дали е платен…

Финансиска анализа

За секој документ или плаќање постои точна поделба за што е; дали е приход од продажба или трошоци за плати или пак поделба според ваши стандарди. Веднаш, во реално време, се гради извештај за менаџерот што ја врши анализата на работењето. Моќно оружје за преглед, планирање и натамошно остварување на профит.

Точност

Меѓусостојби, контролни суми на повеќе нивоа, автоматски се извршуваат од Поинт Финансии без ваша интервениција. Осигуруваат точност, бидејки секој извештај е точен толку колку што се точни основните податоци внесени во него.

Продуктивност

Сите, дури и најсложените операции Поинт Финансии ги работи брзо и точно, со минимален труд од страна на корисникот. Времето да се научи работата со програмското решение е од неколку минути до неколку часа. Еден вработен е сосем доволен за дневно да ги обработи сите податоци за фирма со стотина вработени, неколку сметки и стотина генерирани финансиски документи, а сепак да му остане време за креативност.

Проширливост

За Поинт Финансии постојат голем број на проширувања-модули што се специфични за секоја дејност, од продажба и производство, до печатница и ТВ. Секојдневно се развива и доградува, според ваши барања и спецификации.

Подвижност и доверливост

Копирајте го Поинт Финансии на вашиот USB диск и тој од таму ќе продолжи нормално да функционира. На тој начин дополнително ќе ги заштитите вашите финансиски податоци, а истите ќе можете постојано да ги пренесувате со вас доколку работите на неколку компјутери.

Мрежно поврзување

Доколку имате потреба повеќе вработени да пристапуваат до Поинт Финансии од една или неколку различни локации – слободно искористете го нашето решение. Програмата работи во секакви мрежни услови.

(point-finansii-funkcionalnosti)

И ова не е сè! Дознајте повеќе! Преземете го Поинт Финансии веднаш, или информирајте се повеќе со посета на следните врски: