Download на инсталација v1.3
build 063 (04-04-2007)
Инсталација на еднокорисничка верзија
Инсталацијата е лесна и брза. Стартувајте ја извршната инсталациска датотека со најновата верзија на програмот (Point Finansii Install.exe) и волшебникот ќе го направи останатото. Не е потребно ништо да менувате во одбраните опции, освен ако сакате да го подесите процесот кон вашите потреби. Подразбирани опции се дека фолдерот е C:\Point Finansii\ и креирање на икона во Старт Мени и на Десктоп. Инсталацијата не додава никакви други библиотеки нити пак го менува оперативниот систем.
Инсталација на мрежна верзија
Поинт Финансии успешно работи и повеќе години е тестиран под MySQL и Microsoft SQL Server. Инсталацијата е лесна и брза, но бара интервенција од наше стручно лице за успешно подесување, како и за префрлање на постоечките податоци на серверот. Ако за вашето работење не е потребен сервер (т.е. имате помалку од 5000 фактури, изводи и други ставки) можете едноставно да ја повикате извршната датотека од друг компјутер преку мрежа (Point Finansii.exe од папката C:\Point Finansii) и програмот сам ќе се подеси да работи мрежно.
Инсталација на Web верзија
Поинт Финансии е предвиден да работи преку мрежи со послаба пропусност (интернет). За работа секако потребен е сервер со стабилна и сугурна конекција. Инсталацијата ја врши наше стручно лице, на лице место.
Инсталација на пренослив медиум
Поинт Финансии исто така успешно работи инсталиран на пренослив медиум, но ако сакате да додавате податоци, истиот не смее да биде забранет за запис. Препорачлива е преносна меморија, а работи и на обична дискета и ЦД. За инсталација едноставно ископирајте ја папката со веќе инсталиран програм (C:\Point Finansii) на вашиот пренослив медиум и тоа е се! Минимален простор за работа на медиумот треба да е 2 Мб.
Download на упатство за Поинт Финансии v1.3 во PDF, верзија v0.9.117 (БЕТА) (03-03-2006)
Можни проблеми и решенија
- Под Windows 98 можни проблеми со пристап на база:
инсталирај закрпа од Microsoft.
Архива
Download на стара инсталација v1.2m build 058 (19-02-2006)